март 31, 2025

736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (26.03.2025) полициските службеници издале вкупно 736 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле регистрирани 219, односно 109 прекршоци. 

Покрај ова, за возење без возачка дозвола регистрирани се 76 возачи, потоа 53 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.

По основ пак на Законот за возила дури 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.

ZOOM

Read Previous

Од викендов летно сметање на времето

Read Next

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ

Most Popular