
Верниците муслимани низ Северна Македонија, Албанија и Косово ја минуваат оваа ноќ во молитва и богослужба, читајќи Куран и молејќи се.
Со молитви во џамиите низ регионот и со рецитирање на светата книга Куран верниците од исламска вероисповед вечерва ја одбележуваат Лејлетул кадр (Ноќта на кадрот – судбината)
Верниците муслимани низ Северна Македонија, Албанија и Косово ја минуваат оваа ноќ во молитва и богослужба, читајќи Куран и молејќи се.
Голем број верници дојдоа во џамијата „Мустафа-паша“ во Скопје, каде што присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул кадр (27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот). На програмата присуствуваше и поглаварот на Исламската верска заедница во Северна Македонија, реис-ул-улема Шаќир Фетаху.
Во рамките на пригодната програма, освен рецитирање на Куранот, се одржа и предавање за вредностите и значењето на оваа ноќ.
Освен во Скопје, оваа ноќ и џамиите во другите градови низ земјата се преполни со верници.
И муслиманските верници во Косово ги исполнија џамиите низ државата, меѓу кои и Големата џамија во главниот град Приштина, каде што и покрај дождливото време, таа беше полна со мажи, жени и деца, барајќи ја наградата на Ноќта на кадр.
И во Албанија верниците со молитва ја дочекаа оваа ноќ, а многумина се собраа во џамијата „Намазѓа“ во Тирана. Рецитирање на Куранот се одржа и во други џамии во главниот град, како и во другите градови во земјата. По повод оваа ноќ одржани се различни предавања и програми.
Оваа благословена ноќ ги исполни и џамиите низ Босна и Херцеговина и делови од Србија каде што е одбележана со специјална програма, посебни молитви, намаз и рецитирање на делови од Куранот.
Централната церемонија на Исламската заедница во Босна и Херцеговина по повод Лејлетул кадр се одржа во џамијата „Гази Хусрев-бег“, која беше полна со верници, а присуствуваше и поглаварот Хусеин Кавазовиќ.
Лејлетул Кадр за муслиманите претставува најважна ноќ во годината. Во оваа ноќ започнала објавата на Куранот, светата книга за муслиманите. Тоа е ноќта за која муслиманите веруваат дека се одредува судбината. Во Куранот, за ноќта Лејлетул Кадр се вели дека е „ноќ повредна од 1.000 месеци“.
АА