март 25, 2025

Над 660 санкции во сообраќајот за едно деноноќие

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи како резултат на вчерашните (24.03.2025) активности на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли беа издадени вкупно 667 платни налози, по превземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно паркирање. Потоа, 90 санкции се однесуваат на непочитување на брзината на движење, па следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, прекршоци за некористење на сигурносен појас 40 и за користење на мобилен телефон при возење 31 санкција.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, шестмина возачи управувале возило под дејство на алкохол, забележани се два прекршока заради неносење заштитна кацига, а санкционирани се и четири пешаци. Покрај ова евидентирани се и 18 нерегистирани возила како и 11 возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од полцијата. 

Skopjeinfo

Read Previous

Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Read Next

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, се одземаат 479 поради неправилно работење