
Од утре има промена на цените на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по 68 денари. ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 0,5 денари, и ќе се продава по 75 денари по литар.
ЕУРОСУПЕР 98+ поскапува за 1 денар и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство останува со иста цена – 68 денари. Килограм мазут од утре ќе се продава по цена од 40,7 денари, и поевтинува за 0,6 денари.
TV21