
Цело Кочани денеска е на улица и бара правда со протест низ градот. Тие бараат одговорност за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркто во Кочани, од каде граѓаните извикуваа „убијци“.
Дојдоа до зградата на општината, и потоа ја каменуваа зградата удирајќи ја по вратите и прозорите, и го повикаа градоначалникот Папазов да се појави.
Градоначалникот вчера не излезе на местото на трагедијата, не се појави во јавност и пред новинарите. Утрово преку „Фејсбук“ информираше дека поднесува оставка.
Министерот Панче Тошковски рече дека Папазов бил на инфромативен разговор во полиција синоќа.
TV21