
Од страна на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е формиран обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. Во обвинителскиот тим се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.
Во Кочани е републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинители, кои заедно со останатите надлежни служби се на терен, информираат од јавното обвинителство.
Во пожарот во дискотеката во Кочани синоќа загина 51 лице, а над 100 се повредени.
TV21