
Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција информираше дека вкупно 118 лица се хоспитализирани во различни болнички капацитети по трагедијата во Кочани. Тој нагласи дека сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа и дека здравствениот систем е целосно мобилизиран.
„Нема пациент кој не е згрижен, сите капацитети се ставени во функција. Ќе дадеме сè од себе за да спасиме што повеќе животи.“
Таравари најави дека во текот на денот ќе посети дел од хируршките клиники каде што ќе добие повеќе информации за состојбата на повредените.
„Одиме на хируршките клиники каде ќе имаме повеќе информации.“
Министерот не сакаше да сподели дополнителни детали додека не пристигнат нови официјални податоци од здравствените институции.
Skopjeinfo