
Министерот Тошковски, кој отпатува на местото на несреќата, на прес-конференција соопшти дека во пожарот се повредени повеќе од 100 лица и истите се пренесени во болниците во Штип, Кочани и Скопје.
Во пожарот што синоќа избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се повредени за време на концерт на познат бенд, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, известува Анадолу.
Министерот Тошковски, кој отпатува на местото на несреќата, на прес-конференција соопшти дека во пожарот се повредени и над 100 лица, кои се пренесени во болниците во Штип, Кочани и Скопје.
Како што наведе Тошковски, причината за пожарот е последица на искри од пиротехнички средства што се користат за светлосни ефекти.
„При активирањето искрите најверојатно го фатиле таванскиот дел кој бил од високо запалив материјал, па за многу краток период пожарот се проширил низ дискотеката, создавајќи густ чад“, изјави Тошковски.
Тој рече и дека пожарот бил пријавен во полиција околу 02:35 часот и дека се преземаат сите мерки за „утврдување одговорност за оваа трагедија“.
На новинарските прашања за преземените активности од страна на МВР, министерот Тошковски рече: „Имајте разбирање, во овој момент најбитно е да ги утврдиме сите факти и дејствија. Да изразиме сочувство до најблиските на загинатите и повредените“ и најави дополнителни информации во текот на денот.
AA