март 12, 2025

Мисајловски: Објавен Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и за 10 подофицери во АРМ

„Денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија“, напиша на својот фејсбук профил, министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

„Сакам да ве поздравам по пат накај касарната во Кичево каде што ќе направиме увид во градежните активности на дел од објектите кои се реконструираат, но и да најавам уште една убава вест до сите граѓани.

Премиерот минатата недела извести дека ќе објавиме конкурси кои ќе значат нова свежина во редовите на Армијата.

Затоа сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.

Ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните“, вели Мисајловски во својата објава.

TV21

Read Previous

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

Read Next

Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку