март 12, 2025

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски. 




Skopjeinfo

Read Previous

Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот Алијев: Укажана подготвеноста од продлабочување на соработката со Азербејџан

Read Next

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика