
Ифтарска програма во Скопје организираше Турската фондација Маариф (ТФМ) за Северна Македонија.
Ифтарска програма во Скопје организираше Турската фондација Маариф (ТФМ) за Северна Македонија, известува Анадолу.
На ифтарската програмата организирана во училиштето на Фондацијата Маариф во Скопје присуствуваа министерот за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија, Фатмир Лимани, амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, пратеници од Парламентот на Северна Македонија, претставници на турски институции и организации во земјата и голем број гости.
Во говорот пред гостите министерот Лимани го изрази своето задоволство што присуствува на ифтарската програмата и додаде:
„Овој месец на мир, размислување и разбирање е посебно време за секој верник и извонредна можност да ги зајакнеме нашите врски.
Во тој контекст, би сакал да истакнам дека сме отворени и подготвени за секаков вид на соработка и поддршка за развој на градинките (на ТФМ), што е важен чекор во обезбедувањето светла иднина за идните генерации“.
– „Образованието претставува важна димензија на нашата соработка со Северна Македонија“
Амбасадорот Улусој истакна дека стабилноста и развојот на Балканот, вклучително и Северна Македонија, се меѓу приоритетите на надворешната политика на Туркије.
Турскиот амбасадор истакна дека ѝ дале поддршка на пријателска и братска Северна Македонија од осамостојувањето на земјата преку Министерството за национално образование, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Генералниот директорат на фондации, Институтот „Јунус Емре“, Претседателството за верски прашања и други институции и дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
„Образованието е важна димензија на нашата соработка со Северна Македонија. Образованието е еден од најважните елементи што ја обликуваат иднината на едно општество. Училиштата на Турската фондација Маариф, кои обезбедуваат образование на сите нивоа во Северна Македонија од 2018 година, извршуваат задача на мост што напред ги носи не само поединците, туку и нашето општество“.
Мухамет Муртаза Јетиш, член на Одборот на доверители на ТФМ, истакна дека училиштата Маариф се обидуваат да ги научат учениците како да ја пронајдат тајната во себе, и додаде:
„Се обидуваме илјадници деца да ги научиме како да го пронајдат овој пат со нашите 450 училишта во 55 земји низ светот.
Осман Демирѓул, претставник на ТФМ за Северна Македонија, гостите на ифтарската програма ги информираше за работата на училиштата на ТФМ.
AA