март 12, 2025

За една недела кренати 142 возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирале 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се вели во соопштението.

Skopjeinfo

Read Previous

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Азербејџан Алијев

Read Next

Турската фондација Маариф организираше ифтар во Скопје