
Инцидент се случи во српскиот парламент откако пратениците од владејачката коалиција ја усвоија агендата на која опозицијата се спротивстави.
Во салата настана метеж, а опозицијата употреби и пиротехнички средства.
Владата претходно донесе дневен ред со 62 точки, меѓу кои и измените на Законот за високо образование со кои се исполнува четвртото барање на студентите во блокадата.
На седницата треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која тој ја поднесе на 28 јануари под притисок на студентските протести.
Опозицијата бара на дневен ред да се стават само измените на Законот за високо образование и наведува дека власта која најави оставка не може да донесува мноштво важни закони.
Некои пратеници од опозицијата во собранието држат слики од крвави раце и транспаренти на кои, меѓу другото, пишува „Генерален штрајк“, „Студентите се во право“ и „Просветни работници, ние сме со вас“.
Пратениците од опозицијата порачаа дека Владата е во технички мандат и дека единствена точка на дневен ред на седницата треба да биде донесување на Законот за високо образование, како и прифаќање на оставката на премиерот.
„Сметаме дека владата падна, немате право да предлагате закони во оставка, треба да се апсите и да не правите циркус“, рече пратеничката од Партијата на слободата и правдата Мариника Тепиќ.
Slobodnaevropa