март 4, 2025

Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.

Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.

Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.

Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.

ZOOM

Read Previous

Муцунски: Унгарија е во топ 10 инвеститори во Македонија

Read Next

Инцидент во српското Собрание, чад и хаос во салата