
Не само рекордни бројки и импресивен раст на бројот на патници, аеродромот во Тирана реализира и конкретни инвестиции кои го олеснуваат животот на граѓаните. Патниците кои имаат електронска карта за бординг на телефонот можат да патуваат од меѓународниот аеродром во Тирана до земјите од Шенген зоната без да мора да ја испечатат, пренесуваат медиумите.
Меѓународниот аеродром во Тирана конечно го направи реалност она што многу патници се прашуваа зошто тоа не се прави во Албанија, кога тоа е применливо на многу меѓународни аеродроми, а тоа е електронскиот билет, објави на социјалните мрежи управата на аеродромот.
-Не само рекордни бројки и импресивен раст на бројот на патници, аеродромот во Тирана реализира и конкретни инвестиции кои го олеснуваат животот на граѓаните. Патниците кои имаат електронска карта за бординг на телефонот можат да патуваат од меѓународниот аеродром во Тирана до земјите од Шенген зоната без да мора да ја испечатат, пренесуваат медиумите.
На овој начин, меѓународниот аеродром во Тирана продолжува да ги подобрува услугите за да го олесни патувањето. Минатата година преку на овој аеродром регистрирана е рекордна бројка од 10,7 милиони патници, а оваа година ја започна со оптимистички бројки, при што јануари бележи зголемување на бројот на патници за 12 отсто во споредба со јануари минатата година.
Групацијата „Кастрати“ во последните четири години инвестираше околу 100 милиони евра, што донесе значителни подобрувања на целата аеродромска инфраструктура. Најавија дека ќе продолжат со вложувања, со планови за нов терминал од 70.000 квадратни метри, дополнителни подземни паркинг места и модерна фасада.
Kurir