март 3, 2025

ССМ бара зголемување на минимална плата за 6 000 денари и субвенционирање на придонесите

Ако некој одлучи да биде безобразен, ќе бидеме двојно побезобразни. Ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандар на работниците, едностарано можеме да донесеме одлука за штрајк“, вели Трендафилов

Секој глас против повисок минималец, ќе значи глас „ЗА“ за билет во еден правец од државата, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, посочувајќи дека до Владата, до претставниците на работодавачите и до координаторите на пратеничките групи во Собранието ќе достават предлог во кој бараат дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, што ќе значи и дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

„Дополнително, бараме донесување на одлука од страна на социјалните партнери, Владата, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија за утврдениот износ на минимална плата согласно Законот да се зголеми за шест илјади денари. Тоа што предлагаме е дополнителното зголемување на платите од шест илјади денари во приватниот и јавниот сектор да се случат задолжително, а работодавачите да бидат субвенционирани за плаќање на придонесите за социјално осигурување во период најдолго за 12 месеци“,рече тој.

Посочи дека е созреано времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар.

Според него, до март треба да се донесе одлуката за потребниот раст на минималната плата. Затоа, најдоцна до 15 март треба да се состанат и да се утврди минимналната плата, оти сметководителите треба да ги правата пресметките, а платата треба да биде иплатена најдоцна до 15 април.

Економско-социјалниот совет (ЕСС), додаде дека е нефункционален, а причина за тоа, како што рече Трендафилов, е што Владата повлекла тројца членови од Комисијата што одлучува за репрезентативноста на синдикатите.

„Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците како што беа сложни за нивните патни трошоци, така да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во Македонија“,вели тој.

Со тоа, смета дека не се прави упад во даночната политика, туку напротив, работниците ќе се добијат зголемени плати, кои нема да ги штедат во банките, туку ќе ги потрошат за основни прехранбени производи.

Се надева дека Владата на следната сеница, веројатно утре ќе треба да утврди тројца членови во Комисијата за репрезентативност.

„Додека ССМ не добие репрезентативност за да остане во ЕСС кој и по законо дава мислење до министерот надлежен за работите од областа на трудот за да објави нова вредност на минималната плата, се поставува знак прашалник дали спротивно на Законот некој може да објави висина на минималната плата, имајќи в предвид дека е задолжително потребно од ЕСС“,кажа Трендафилов.

Според него, во зависнот од тоа каква одлука ќе донесе Владата и работодавачите ќе зависи како во иднина ќе делува ССМ.

„Доколку Владата или работодавачите го отфрлат предлогот, тогаш пратениците можат да гласаат за платите на работните да се зголемат за најмалку сторина евра со ослободување на плаќањето на придонесите. Денеска дојде време да бирате дали сте ‘за‘ или „протов‘ работниците. Тој избор ќе значи во која насока ССМ ќе ја креира политиката. Ако некој одлучи да биде бвезобразен, ќе бидеме двојно побезобразни. Ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандар на работниците, едностарано можеме да донесеме одлука за штрајк“,рече претседателот на ССМ.

Смета дека работниците сега немат толку голем проблем со Владатата, туку со некои синдикалци што работат на нивна штета и коленичат пред власта, вршејќи упади во некои организации.

Ги повика работниците што побрзо да земат членкса книшка на ССМ и на тој начин да ја зголемат масовноста и нивната заштита.

д друга страна, тој предупреди дека има синдикалци кои ја поткопуваат нивната борба и коленичат пред власта, правејќи упади во одредени организации и ги повика работниците што побрзо да земат членска книшка за да се зголеми масовноста и нивната заштита.

Трендафилов посочи дека минималните плати во регионот се движат од 400 до 800 евра.





360Stepeni

Read Previous

Левица: Рокот за исплата на месечните плати да биде најдоцна до петти во месецот

Read Next

Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет