март 3, 2025

 Од полноќ значително поевтини горива

Сите горива од вечерва на полноќ поевтинуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР 95 од утре поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 79,5 денари по литар. 

За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ, и од утре ќе се продава по цена од 72 денари по литар.

Поевтинува и екстралесното масло за домаќинство, за 1,5 денари и од утре ќе се продава за 71,5 денари. Цената на мазутот за немалува за 1,2 денари, и од утре ќе изнесува 45 денари по килограм.

TV21

Read Previous

Македонските возачи во февруари добиле над 23 илјади санкции од полицијата

Read Next

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализација на студентските сервиси на УКИМ