март 3, 2025

Македонските возачи во февруари добиле над 23 илјади санкции од полицијата

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената, соопштија од МВР. 

Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.

lg.php.gif

Од полицијата информираат дека во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол. Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци.

Skopjeinfo

Read Previous

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%

Read Next

 Од полноќ значително поевтини горива