
урскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан, го истакна очекувањето на Туркије дека следните чекори во политичката транзиција на Сирија ќе бидат инклузивни и имплементирани на начин што ќе ги блокира сепаратистичките движења.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Туркије ќе игра важна улога во постигнувањето и одржувањето на мирот, нагласувајќи дека таа е моќен и важен актер во регионот, известува Анадолу.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, во Анкара, Фидан го истакна очекувањето на Туркије следните чекори во политичката транзиција во Сирија да бидат инклузивни и имплементирани на начин што ќе ги блокира сепаратистичките движења.
Фидан додаде дека реториката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Сирија јасно покажува дека тој не е за мир.
Тој додаде дека Израел мора да стави крај на својот регионален експанзионизам што се води под превезот на воспоставување безбедност.
AA