февруари 26, 2025

Објавена листата на најмоќни армии, Македонија со пад од две места е на 112 позиција во светот

Интернет порталот „Глобал фајрпауер“ (ГФП) ја објави листата на најмоќни армии во светот. Први во светот се САД, додека пак веднаш зад нив се Русија, Кина, Индија, Обединетото Кралство, Франција, Украина е на 20.место.

На листата Македонија како воена сила е рангирана на 112-то место од 145, што значи назадување од две места во споредба од лани. Од соседството пак, најдобро рангирана е Грција која се наоѓа на 30. место, додека Бугарија е 62. место, Србија веднаш после неа на 63. место. Хрватска е на 74. место, Словенија на 78. место, додека Црна Гора на 96. Косово е на 141. место на листата.

Финализираното рангирање на ГФП користи над 60 индивидуални фактори за да го одреди резултатот „powerindex“ на одредена нација со категории кои се движат од количина на воени единици и финансиска состојба до логистички способности и географија.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.



Skopjeinfo

Read Previous

Во куќа во БИХ пронајдени 31 дете, три лица уапсени за трговија на луѓе

Read Next

Македонија остана делумно слободна земја според најновиот извештај на „Фридом Хаус“