февруари 26, 2025

Дваесет и една година од авионската несреќа во која загина Борис Трајковски

Државни делегации и членови на семејствата денес ќе положат цвеќе во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 21 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски.

Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар. Во несреќата загинаа и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.

Последниот извештај за авионската несреќа од меѓународниот истражен тим покажа дека причините за падот на „кингерот“ се седум системски грешки на пилотите. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Беше посочено и дека авионот не бил одржуван соодветно.




ZOOM

Read Previous

ИЈЗ: 4000 луѓе умираат годишно од загаден воздух

Read Next

Во куќа во БИХ пронајдени 31 дете, три лица уапсени за трговија на луѓе