февруари 24, 2025

Македонија е коспонзор на резолуцијата која САД ја поднесе во ОН за Украина

Едно од прашањата за претседателот на владата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција беше зошто Македонија се одлучи да биде коспонзор на резолуцијата која САД ја поднесува во ОН за Украина. Премиерот само кажа дека истата очекува да биде усвоена од земјите.

„Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ООН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ООН“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во документот предложен од САД не се обвинува Русија за почеток на конфликтот. Текстот на резолуцијата, исто така, изразува тага во врска со трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и апелира за негов што побрз крај.

Skopjeinfo

Read Previous

Уапсени менаџерката на српски железници и членови на техничкиот комитет поради трагедијата во Нови Сад

Read Next

Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку