
Според прелиминарните резултати, Движењето Самоопределување (ЛВВ) добило 342.281 глас или 40,80 отсто, Демократската партија на Косово (ПДК) 184.811 гласови или 22,03 отсто.
Централната изборна комисија (ЦИК) денеска ги ажурираше прелиминарните резултати од изборите на 9 февруари со пребројување на 100 отсто од гласачките ливчиња од 2.533 избирачки места, јавува Анадолу.
Според прелиминарните резултати, Движењето Самоопределување (ЛВВ) добило 342.281 глас или 40,80 отсто, Демократската партија на Косово (ПДК) 184.811 гласови или 22,03 отсто, Демократската лига на Косово (ЛДК) добила 147.888 гласови или 17,63 отсто, а коалицијата Алијанса за иднината на Косовo (ААК)-НИСМА добила 62.588 гласови или 7,46 отсто.
Станува збор за гласачки листиња кои беа искористени во гласачките кутии на 9 февруари 2025 година на територијата на Косово, а овие првични резултати не ги вклучуваат условните гласови, гласовите на лицата со посебни потреби и гласовите надвор од територијата на Косово (гласови на дијаспората).
ЦИК денеска соопшти дека преброила и 92,73 отсто од гласовите за кандидатите за пратеници. Сепак, имињата на пратениците може да се сменат по пребројувањето на гласовите надвор од Косово и по евентуалното повлекување на некои пратеници кои ја извршуваат функцијата градоначалник и кои може да бидат заменети со нивни сопартијци.
Со прелиминарните резултати, без условните гласови и оние на дијаспората, ЛВВ обезбеди 47 места во косовското Собрание, ПДК 25, ЛДК 20, а ААК-НИСМА 8 пратеници.
Малцинските заедници имаат вкупно резервирани 20 места, од кои десет се за српската и десет за несрпските етнички заедници.
AA