
Кога станува збор за нашата желба да придонесеме за решавање на актуелната ситуација во Украина… имаме голема желба да дадеме придонес за решавање на овој проблем.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денес во Москва изјави дека Србија сака да даде свој придонес за решавање на судирот во Украина и дека е подготвена да биде домаќин на преговорите, пренесува Анадолу.
„Кога станува збор за нашата желба да придонесеме за решавање на актуелната ситуација во Украина, Србија е земја со релативно скромни геополитички капацитети ако го гледаме бројот на жители, но имаме голема желба да дадеме придонес за решавање на овој проблем, секогаш сме подготвени да бидеме домаќини на секаков вид формални или неформални разговори“, рече Ѓуриќ на заедничката прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ѓуриќ одговори на прашањето дали со Лавров разговарал за можноста Белград да биде вклучен во разговорите за прекин на непријателствата во Украина, со оглед на тоа што Србија е една од ретките земји што во моментов има добри односи и со Вашингтон и со Москва и со Киев.
AA