
Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денес достави Предлози за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи. Предлозите се доставени до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат.
Предлозите се подготвени по одржаниот состанок на 14 февруари 2025 година во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората.
По добиените одговори, ќе излеземе со нашите ставови, велат од Стопанската комора.
TV21