февруари 19, 2025

Осум осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир информираа од обвинителстовто.

Од таму посочуваат дека постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.

„На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката,  возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент“, се вели во соопштението.

Од обвинителството дополнуваат дека јавен обвинител има предложено мерка притвор за двајца осомничени поради убиство и обид за убиство и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.

Од ОЈО додаваат дека по три лица полицијата се уште трага и се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.



Skopjeinfo

Read Previous

Водовод: Акцијата за отплатата на долговите без камата за скопјани ќе трае до 2 април

Read Next

Мицкоски од Минхен: Колку време Македонија треба да страда од двојни стандарди