февруари 22, 2025

ДЗС: Се намалил прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во декември лани во однос на истиот месец од 2023 година, е намален за 11.0 %.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.

Skopjeinfo

Read Previous

Рокас: Уставните измени се факт

Read Next

Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност