февруари 22, 2025

Рокас: Уставните измени се факт

Уставните измени се факт, а актуелната влада работи на нивно решавање со гаранции против билатерализација. Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, во интервју истакна дека евроинтеграциите се темелат на заслуги, а правата на малцинствата се важен дел од процесот. Тој додаде дека дипломатската активност треба да добие простор за резултати, но истовремено да се продолжат реформите, кои се важни за земјата.

Рокас ја разбира фрустрацијата на граѓаните по 20 години чекање, но нагласи дека геополитичките промени ја направиле проширувањето на ЕУ неопходност. Позитивниот моментум за интеграција и планот за раст на ЕУ го потврдуваат ова.

Евроамбасадорот е уверен дека процесот на интеграција ќе биде успешен, нагласувајќи дека со заедничка работа и дијалог, Северна Македонија ќе ги постигне своите цели. Тој истакна и дека земјата целосно се усогласила со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

TV21

Read Previous

Дурмиши на средба со трговците и диструбутерите за одлуката за ограничување на маржата

Read Next

ДЗС: Се намалил прометот во индустријата