февруари 13, 2025

СДСМ следниот месец ќе бира нов претседател

Во СДСМ се водат два паралелни внатрепартиски процеси, истакна денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него, првиот е избор на претседател на партијата.

„Мојот мандат завршува на 21 март, и изборите веќе се закажани да бидат на 16 март. Паралелно на тоа, новите раководства во општинските организации работат на идентификување на имиња внатрепартиски, партиските членови меѓутоа може и други наши потенцијални коалициони кандидати од други партии, независни листи или граѓански организации со кои би разговарале да се поддржиме коалициски“, вели Филипче.

Тој додава дека се очекува овој процес да заврши кон крајот на март за да најкасно во првата половина од април да ги имаат резултатите.




TV21

Read Previous

Бугарското МНР со остра реакција на изјавите на Мицкоски

Read Next

Вчера напишани 1039 казни: 76 возачи немале дозвола, санкционирани 186 пешаци