![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/IMG_6944.jpeg)
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денес е уапсен во рамките на истрагата за повеќе кривични дела.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денес е уапсен во рамките на истрагата за повеќе кривични дела, јавува Анадолу.
Во моментот на апсењето Велиај бил во просториите на Општина Тирана.
Градоначалникот Велиај е уапсен по истрагите на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал на Тирана (СПАК), под основани сомненија за корупција, перење пари и лажно пријавување имот.
Во меѓувреме, нема официјална реакција од СПАК или други институции за апсењето на Велиај.
Велиај е градоначалник на Тирана од 2015 година, а претходно имал и функции во Владата на Албанија и бил пратеник во Собранието.
AA