февруари 11, 2025

Ноќеска пукање во скопски Чаир, едно лице загина

Вооружен инцидент се случил ноќеска на полноќ во скопската населба Чаир, каде имало истрели од огнено оружје.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, едно лице загинало, додека пак друго е повредено.

„На 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје“, велат од МВР за ТВ21.

Како што додаваат, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје.

„Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР за ТВ21.




TV21

Read Previous

Во Албанија уапсен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај

Read Next

Извештајот за бојкотот на маркетите на владина седница, можни мерки за цените