![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/thumbs_b_c_5b5b02f05d618eaa183b52f99fdd345b.jpg)
Откритието може да придонесе за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, сметаат експертите.
Тим чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот, објавија чешките медиуми, пренесува Анадолу.
Откритието дојде по долгогодишно истражување предводено од чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер, објави Радио Прага.
Додека го мапирале подрачјето во близина на границата со Грција, и ја следеле пареата од бројните топли извори, научниците открија бездна длабока 100 метри.
На дното од бездната откриле езеро, долго 138 метри и широко 42 метри.
Со обем од 345 метри, езерото има приближно три пати поголем волумен од волуменот на главната сала на Националниот театар во Прага.
Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се напојуваат со вода од ова подземно езеро.
„Веруваме дека ова откритие може да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до ден-денес никој не знае како овие подземни води се поврзани со површината“, рече членот на тимот Ричард Буда, фотограф и спелеолог.
AA