![](https://timebalkan.mk/wp-content/uploads/2025/02/image-223409.jpg)
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажа дека во последната недела бројот на пријавени со грип е над 3.000, што е најмногу на неделно ниво во оваа сезона.
Има и двајца починати во болнички услови. Станува збор за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николe.
Утврдено е дека починатиот имал коморбидитети и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип.
„Кај починатиот лабораториски тестови потврдија грип А(Х1)pdm09 и грип А без подтип“, соопштија од ИJ3.
Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, додаваат надлежните.
Од Инфективна велат дека е очекувано бројките на пациенти да бидат зголемени со оглед предвидувањата дека пикот на грипот се очекува токму околу средината на февруари.
Skopjeinfo