февруари 5, 2025

Обвинителство потврдува: Серија претреси низ Скопје поврзани со екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.

Инаку, Пеце Мирчески на оваа функција беше седум години, од јуни 2017 до јуни 2024 година.

Мирчески беше и претседавач на Централен одбор на СДСМ.

TV21

Read Previous

Близу 1.700 Македонци добиле бугарско државјанство во 2024 година

Read Next

Албанија го испраќа првиот контингент во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина