Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека 2025 година мора да биде година на напредок за сите земји на нивниот пат кон пристапување во ЕУ по заслуги и рече дека приоритет во следните пет години ќе биде „заокружувањето на Унијата“.
„Во наш заеднички интерес е да го обединиме европското семејство. На почетокот на овој нов мандат, сакам да бидам многу јасна – 2025 година мора да биде година на напредок за сите тие земји на нивниот пат кон членство во ЕУ врз основа на заслуги. Тоа е во наш суштински интерес и ќе биде врвен приоритет во следните пет години“, рече фон дер Лајен за време на годишната конференција на амбасадорите на ЕУ во Брисел.
Претседателката на Комисијата за време на конференцијата зборуваше за променливата состојба во светот и потребата од „подиректна и фокусирана“ надворешна политика на ЕУ, наведувајќи дека се наоѓаме во „ера на хиперконкурентна и хипер-трансакциска геополитика“.
TV21