јануари 30, 2025

Граѓаните се спремаат за бојкот, ама маркетите се спремаат за попис, дел од нив нудат и промоции

Додека граѓаните се спремаат за утрешниот бојкот на маркетите, дел од нив се решија да прават попис. Некои од маркетите нудат акции со кои значително се намалуваат цените на најосновните производи.

Еден од ланците маркети кој беше јавно посочен „Тинекс“ на социјалните мрежи објави дека кај нив ќе има значително намалување на цените особено на најпотребните производи. Од маркетот додаваат дека имаат високи цени на останатите производи од причина што тие производи ги увезуваат и крајната цена не зависи од нив.

„Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме да понудиме производи со прифатливи цени. Дополнително, како резултат на одличната соработка со банките, при пазарувањето во Тинекс купувачите имаат можност да плаќаат на рати без камата, што е дополнително олеснување на месечниот буџет“, објави „Тинекс“.

Дел од останатите маркети токму на утрешниот ден се одлучија да прават попис на робата и на тој начин ќе останат затворени за купувачите.

Бојкотот на маркетите поради високите цени најпрво почна во Хрватска за потоа да се прошири речиси низ сите земји од поранешните ЈУ републики. Бојкот е највен во Босна, во Црна Гора, а има повици и во Србија. Надлежните институции кај нас најавија итна акција и ригорозни котроли.

Skopjeinfo

Read Previous

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Read Next

Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши