јануари 30, 2025

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Врховниот суд Беса Адеми вчера потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции.

Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши електронската размена и описите на регистрираните сервиси кои можат да бидат предмет на електронска размена.

Врз основа на овој договор, Врховниот суд ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила и живеалиште и претстојувалиште. Овие податоци добиени преку платформата за интероперабилност со сервисите наведени погоре, исклучиво ќе се употребуваат за потребите на судските постапки.

МВР од своја страна со овој договор ќе добие пристап до базите на податоци за уверенија од казнената евиденција на физички и правни лица, уверенија во кривичната евиденција, уверенија за изречена забрана за вршење на дејност или должност и потврди за одземена деловна способност и овие податоци ќе може да се употребуваат за активни процеси и потреби на министерството.

Овој процес е дел од стратешкиот приорите на дигитализација на процесите и услугите со цел овозможување на поврзани и ефикасни институции кои ќе овозможат брзи и ефикасни услуги за граѓаните.

TV21

Read Previous

Студенти од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад

Read Next

Граѓаните се спремаат за бојкот, ама маркетите се спремаат за попис, дел од нив нудат и промоции