
Амбасадата на САД утрово испратила шокирачка порака до сите организации кои имаат добиено и реализираат тековни активности да сопрат со истите. Ваквата одлука доаѓа по извршната наредба на претседателот Доналд Трамп кој ја замрзна целата странска помош за сите земји во времетраење од 90 дена со исклучок на Израел и Египет.
Како што пренесуваат медиумите во САД ваквата наредба на Трамп шокирала многу дипломати каде не очекувале дека наредбата ќе биде со таква „широчина“. Ваквата одлука според некои претставници на Стејт департментот може да доведе до тужби поради неисполнувањето на договорите.
Доналд Трамп и републиканците со години го опишуваа како расипничко трошењето за странска помош во администрациите на Барак Обама и Џо Бајден. Сега очекува Стејт департментот да подготви извештај во рок од 85 дена од издавањето на упатствата за тоа што понатаму.
Skopjeinfo