јануари 23, 2025

Тошковски на средба со австрискиот амбасадор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер.

На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност.

toshkovski-pam-1-800x505-1.jpg

Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК една од главните теми на разговор беше реформирањето на системот за управување со кризи, а амбасадорот Памер го образложи тековниот проект за соработка на противпожарните служби меѓу областа Тирол, Австрија и неколку македонски општини, од кои главни носители на проектот се општина Крива Паланка и општина Куманово. Проектот има за цел реформирање на целокупниот систем за управување со кризи преку разграничување на надлежностите на ЦУК и ДЗС, како и подобрување на одговорот на противпожарните служби на ниво на цела држава особено при справување со шумски пожари, известува Министерството за внатрешни работи.

toshkovski-pam-3.jpg

„Ги разгледавме заедничките чекори во борбата со криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области. Од останатите развојни проекти, беше споменат и проектот за развој на планинскиот туризам во Македонија, чиј поддржувач и промотор е амбасадата на Република Австрија. Разговарано беше за активностите преземени во рамки на овој проект, чија цел е развој на австриско-македонското пријателство, а и промоција на македонските планини и туризам. Промената мора да започне од нас и дека сè се може кога постои волја“, потенцираше министерот Тошковски.

ZOOM

Read Previous

Мицкоски во Њујорк се сретна со семејството Руси

Read Next

Косово во Давос потпиша договор за слободна трговија со ЕФТА