јануари 23, 2025

Мицкоски во Њујорк се сретна со семејството Руси

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со членови на делегацијата со која е во Вашингтон, остварил средба со семејството Руси, по потекло од Дебар, кое повеќе генерации живее во САД. На социјалните медиуми тој објави дека на средбата се разговарало за можностите за зајакнување на врските со дијаспората, како и за проекти што ќе донесат придобивки за граѓаните.  

„Во рамки на посетата на САД, со моите соработници остварив средба со семејството Руси – познато албанско семејство од Дебар, кое повеќе генерации живее и работи во САД. Тие се пример за успешни Албанци од Македонија кои не ја заборавиле својата татковина и сакаат да помогнат за нејзиниот напредок.

Разговаравме за можностите за зајакнување на врските помеѓу дијаспората и Македонија, како и за проекти кои ќе донесат придобивки за сите граѓани.

Верувам дека само заеднички, сите, без разлика на етничката припадност, можеме да работиме сложно за изградба на стабилна и просперитетна Македонија.

Потребни ни се сите кои можат да придонесат – и дома и од дијаспората, за да ја создадеме иднината што ја заслужуваме“, напиша Мицкоски.

TV21

Read Previous

Кривични за лекар, двајца адвокати, и други 3 лица, фалсификувале медицински извештаи за да земат пари од осигурителни компании

Read Next

Тошковски на средба со австрискиот амбасадор