јануари 22, 2025

Нова измама ги демне граѓаните, лажни пораки за истечена Нетфликс претплата

Нова измама која е креирана денес ги демне граѓаните. Се работи за испраќање на лажи пораки за оние корисници кои ја користат платформата на Нетфликс.Со адресата таргетира македонски жртви, краде пари и лозинки.

Како што објаснува твитер користнисникот Спировски нападот почнува со СМС пораки кои се претставуваат како Netflix, и велат дека корисничката сметка е суспендирана. Следи линк кон измамата. Адресата (доменот) е денес регистриран и нема врска со Нетфликс.

lg.php.gif
IMG_6445.png

„Следи страна која има основна заштита од автоматските детектори на измама – бара да соберете два броја. Интересно, не се обидува да детектира дали посетителот е од мобилен, иако форматот на страната е правен за мобилен

lg.php.gif

Потоа следи страна за “најава” – која не проверува ништо (иако сигурен сум дека ќе ги сними внесените username/password). Веднаш кажува дека сметката е блокиранa

Следи страната за внес на картичка. Кога ќе внесете податоци веднаш се обидува да наплати. Ако не успее наплатата, го враќа корисникот на страната за картичка, “да не згрешил”

За крај, брза проверка на кодот, ни дава поздрави од програмер од Француско говорно подрачје. Што може да е Франција, но и една четвртина држави во Африка и Канада. Криминалот е интернационален и полиглотски

Секако, да повториме: – Ништо не е толку итно и толку страшно. Не брзајте. – Не кликајте на НИШТО од неочекувана порака. – Посетете официјален сајт на компанијата, најавете се на официјална страна. Проверете таму“, пишува Спировски

Skopjeinfo

Read Previous

Дојави за бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија

Read Next

Нови авиолинии за Македонија: Скопје добива директни летови до Париз и Женева