јануари 22, 2025

Дојави за бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија

Голем број дојави за поставени бомби пристигнаа во образовни институции во неколку градови низ Бугарија, објавија бугарските медиуми. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Бугарија, дојавите биле испратени по електронска пошта и на бројот за итни случаи 112, соопштија од бугарското МВР за ТВ Нова.

Меѓу погодените градови се Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Веднаш по добивањето на дојавите, полицијата испратила специјални тимови за проверки на локациите.

Учениците се евакуирани од училиштата како мерка за претпазливост, а истрагата е во тек. Властите продолжуваат со проверките и преземање на соодветни безбедносни мерки.

TV21

Read Previous

Финансиска полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Read Next

Нова измама ги демне граѓаните, лажни пораки за истечена Нетфликс претплата