јануари 22, 2025

Туркије прогласи ден на национална жалост поради смртоносниот пожар во Болу

Турскиот претседател Ердоган имаше свое обраќање по состанокот на Кабинетот.

Денес во Туркије е прогласен за ден на национална жалост поради пожарот што избувна во хотелот во областа Болу, кој однесе најмалку 66 животи, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Во врска со ситуацијата во Сирија, Ердоган го повика арапскиот и исламскиот свет да го поддржат закрепнувањето на Сирија „пред останатите“, а западните земји да ги укинат санкциите кон земјата разурната од војна.

Ердоган имаше свое обраќање по состанокот на Кабинетот.

Во врска со прекинот на огнот во Газа, турскиот претседател истакна дека сликите од размената на затвореници покажуваат кој го цени човечкото достоинство, а кој не го почитува, рече Ердоган, критикувајќи го Израел.

„Нашите браќа и сестри во Газа платија висока цена, но ниту се поклонија на насилниците, ниту се предадоа на политиката на масакр“, додаде тој.

Туркије ќе ги забрза своите напори за отворање на патот за траен мир во регионот, „земајќи го прекинот на огнот како можност“ во Газа, додаде тој.

AA

Read Previous

Собранието го усвои Законот за заштита на децата

Read Next

Мицкоски: Ќе го вложиме секој атом енергија да работиме само за интересот на татковината