јануари 20, 2025

Туркије, по 12 години, повторно го отвори својот Генерален конзулат во сириски Алепо

На отворањето на Генералниот конзулат присуствуваше амбасадорот Бурхан Короглу, привремениот вршител на работите во турската Амбасада во Дамаск, Хакан Џенгиз, генералниот конзул во Алепо.

Туркије денес повторно го отвори својот Генерален конзулат во Алепо, Сирија, кој ја прекина работата во 2012 година поради граѓанската војна во Сирија, јавува Анадолу.

На отворањето на Генералниот конзулат присуствуваше амбасадорот Бурхан Короглу, привремениот вршител на работите во турската Амбасада во Дамаск, Хакан Џенгиз, генералниот конзул во Алепо и други.

AA-36805291.jpg

Работата на Конзулатот официјално започна со подигање на турското знаме, по цели 12 години.

Отворањето со голем ентузијазам беше поздравено и од жителите на Алепо. Со скандирања славеа жителите на населбата каде што се наоѓа Конзулатот.

AA-36805364.jpg

– Туркије ја отвори својата амбасада во Дамаск во декември –

Турската Амбасада во Дамаск, која исто така прекина со работата во 2012 година, продолжи со своите активности на 14 декември 2024 година.

Турската Амбасада извесно време продолжи со работа во периодот кога режимот прибегна кон насилство врз мирните демонстранти, но ги прекина секојдневните активности на 26 март 2012 година.

Со оваа одлука во Туркије се вратија и вработените во Амбасадата и нивните семејства.

Антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември, соборувајќи го повеќедецениското владеење на партијата Баас.

AA

Read Previous

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Џон Битов, бизнисмен со македонско потекло

Read Next

Повисоки цени на горивата од полноќ