Премиерот Христијан Мицкоски, е во посета на Вашингтон, каде треба да присуствува на инуагурацијата на Доналд Трамп попладнево. Тој ја искористи посетата за разговор со неколку бизнисмени.
„Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Дејвин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – канадски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе компании и основач на кошаркарскиот НБА клуб Торонто Репторс, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumbleгрупацијата“, напиша Мицкоски.
TV21