јануари 18, 2025

Во Албанија згрижено семејство од Газа, едногодишно дете хоспитализирано


Едногодишно дете од Газа е евакуирано на лекување во Албанија,  објави на социјалните мрежи, споделувајќи  фотографии,  министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу. 

Детето пристигна на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ и потоа беше пренесено во Универзитетската болница „Мајка Тереза“.

На аеродромот детето и неговите роднини ги пречекаа Кочиу, началникот на Националниот центар за итна медицинска помош Скендер Братај, генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита Хаки Чако и претставници од МВР.

„Семејство раселено од Газа најде безбедно и добредојдено место во Албанија. Едногодишното дете, на кое му беше потребна итна медицинска помош, ја добива од персоналот во Универзитетскиот болнички центар, напиша Кочиу на социјалните мрежи.

Таа им се заблагодари на СЗО, на Европската Унија, на Генералниот директорат на Националната агенција за цивилна заштита, на Националниот центар за итна медицинска помош и на вработените во МВР за нивниот придонес во хуманитарната мисија.

„Детето пристигна со респираторни проблеми. Ги направивме потребните прегледи за да ја процениме тежината на проблемите. Детето сега е стабилно, закрепнува и го добива потребниот третман. Веруваме дека ќе може да биде отпуштен во рок од неколку дена, изјави педијатарот Мирела Коле, јавија албанските медиуми.

Детето е сместено во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“, додека неговиот брат, сестра и татко се сместени во бегалскиот центар во Бабру, Тирана.

TV21

Read Previous

Барди се враќа во Шпанија, кариерата ќе ја продолжи во Ваљадолид

Read Next

Не може да има 6 милијарди евра Буџет а да нема пари за поголеми плати на работниците, вели СДСМ