јануари 18, 2025

Барди се враќа во Шпанија, кариерата ќе ја продолжи во Ваљадолид

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо.

Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца играчи, беа отпишани од тренерот Шенол Гунеш.

Откако заврши со Трабзон, Барди реши да се врати во Шпанија каде со голем успех до 2022година играше во Леванте.

Според „АС“, Ваљадолид го победил Еспањол и Леганес во трката за неговиот потпис.

Ваљадолид, синоќа загуби од Еспањол (2:1) и се наоѓа на претпоследното место на табелата со 15 бодови.

Skopjeinfo

Read Previous

Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува

Read Next

Во Албанија згрижено семејство од Газа, едногодишно дете хоспитализирано