јануари 17, 2025

Четврти ден од протестот на административците: Синдикалците со официјално барање за средба со премиерот

Со натписи и транспаренти, УПОЗ и граѓанските здруженија протестираа пред Министерството за финансии.

Раководителката на оддел при ова министерство побара од Владата сите вработени да имаат еднаков третман.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски рече дека со излегувањето на улица на температури под нулата, вработените покажале одлучност да се борат за своите права и денеска испратиле официјално барање до владата за среда со премиерот.

Доколку дијалогот не продолжи, Деаноски најави дека ќе продолжат со протестите. Како порадикална мерка не исклучуваат и штрајк. Исто така ја разгледуваат можноста за тужење на државата. Ова е четврти ден откако 2400 административци од десетина различни јавни институции бараат покачување на платите.




TV21

Read Previous

Министерот Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции

Read Next

Починатите бебиња близнаци имале знаци на премрзнување