јануари 17, 2025

Финансовата полиција поднесе кривични пријави против три физички и две правни лица кои фалсификувале и уништувале документи

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела фалсификување или уништување деловни книги

„Првопријавениот И.Б во својство на службено лице во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини – Биро за метрологија, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ. Второпријавениот З.А во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ. Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ“, соопштија од Управата за финансиска полиција.

lg.php.gif

Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје е заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ, додека петтопријавено правно лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.

lg.php.gif

Како што се појаснува во соопштението, второпријавениот во својство на управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во декември 2022 година, изготвил документи со невистинита содржина за наводна набавка на резервоари за нафтени деривати, помогнат од третопријавениот, ги употребил во правниот сообраќај на начин што преку петопријавениот правен субјект ЛТА Петрол Сервис ДООЕЛ Скопје ги доставиле до Биро за метрологија заради вршење на верификација на истите.

Skopjeinfo

Read Previous

Оперативни информации има, но нема официјална потврда каде се наоѓа Груби, вели Тошковски

Read Next

ДСЗИ започнува вонреден надзор за смртта на деветгодишно дете