јануари 15, 2025

Алијанса за Албанците обвини дека Вевчанскиот карневал ги исмевал и понижувал Албанците

Од Алијансата за Албанците денеска на прес-конференција побараа надлежните институции да ги казнат лицата кои на Вевчанскиот карневал ја симулираа сцените од настаните од 27 април 2017 година и обидот за атентат врз претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Собранието.

Исен Шабани, потпретседател на Алијансата за Албанците на Села нагласи дека вчера бевме сведоци на сериозни и вознемирувачки снимки од Вевчанскиот карневал каде во најтешка, морбидна и скандалозна форма се исмеваа со настаните од 27 април и обидот за атентат врз претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

„Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, овој карневал како да се врати на старата традиција, кога во минатото беше познат по слични навредливи настапи кои поттикнуваа омраза кон Албанците. Го разбираме и фолклорот и сатирата, но не толерираме и не прифаќаме сатира за лични трагедии, за сериозни настани кои сами по себе претставуваат терористички чин, а уште помалку кога исмејувањето е насочено кон жртвата. Настапот на Вевчанскиот карневал е продолжение, можеби и посериозно од нападот и обидот за убиство од 27 април 2017 година. Бараме од надлежните органи и сите политички и институционални фактори да ги казнат ваквите постапки кои влијаат не само на личните и чувствата на семејството на господинот Села, но и на цел народ во земјава и пошироко“, рече тој.




Skopjeinfo

Read Previous

Денеска почнува Светското првенство во ракомет, Македонија утре во Вараждин го игра првиот меч